Ирците ни го згрешија селекторот: Влахо место Седло! (ФОТО)

ЕКИПА во Даблин, Р. Ирска

Владимир Булатовиќ

Очигледно, неочекувано итно подготвувајќи се за меѓусебниот натпревар по поразите на двата национални тима во полуфиналето од баражот за СП 2026, од Ирската фудбалска асоцијација и не се подготвиле баш како што треба.

Па, и не познавајќи го доволно новиот македонски селектор, во најавните програми кои стандардно се подготвуваат пред секој натпревар, го промашија Гоце Седлоски.

Во најавата за селекторот Седлоски, во програмата за мечот, е ставен неговиот долгогодишен помошник од минатото, со кого работеа во повеќе клубови, Александар Влахо…

А, дека не се подготвиле добро доказ е и информацијата дека како играч на кого посебно треба да се внимава е напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски, кој не е во тимот и не ни допатува во Даблин.

Се вчитува...