Младите ракометари на Е.Пелистер загубија во финалето на квалификацискиот турнир во Пореч, и нема да играат на фајнл-фор во Лигата на шампионите. Германскиот Фуксе Берлин беше убедлив и победи со 51-21. Младите пелистерци во претходната фаза ги победија ракометарите на Алборг, но денеска немаа сили за сензација.,
Само на стартот имаше предност Пелистер со 1-0, но Фуксе брзо дојде до пресврт, и потоа ниту еднаш не го испушти водството. На полувреме беше 29-10, и уште тука се знаеше победникот.
Андреј Герогиев и Јован Симоновски беа најефикасни кај македонскиот тим со по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

