Крај на една ера: Светислав Пешиќ заминува во пензија!

Поранешниот селектор на Србија и сегашен тренер на Баерн Минхен, Светислав Пешиќ објави дека заминува во пензија по завршувањето на сезоната. Пешиќ ќе ја доврши сезоната со германскиот гигант, и повеќе нема да работи како тренер.

Тој ги освои сите можни трофеи во кариерата. Пешиќ покрај селекцијата на Србија и Баерн Минхен, ги водеше и репрезентацијата на Германија, Алба Берлин, Рајн Енерџи Келн, потоа работеше во Бсарселона, Виртус Рома, Џирона, Динамо Москва, Црвена Звезда, Валенсија, па повторно во Германија, Баерн Минхен, селекцијата на Србија и сега на Баерн Минхен.

Како тренер го освои Светското првенство, европското првенство и со Германија и со Србија, потоа Еворлигата со Барселона, беше шампион и во Бундеслигата, го освои и ФИБА Еврокупот, Купот на Радивоој Корач, шпанското првенство, југословенската лига.

Се вчитува...