БиХ се избори за продолженија против Италија, ќе се играат 30 минути и во Прага (ВИДЕО)

Селекцијата на Италија и натаму ќе стравува да не замине на трет последователен Мундијал откако одигра нерешено 1:1 во регуларниот дел на гостувањето во Зеница кај Босна и Херцегоцина.

Сега Италијаните ќе мора преку продолженија, и потоа преку евентуални пенали да го бараат патот до САД, Мексико и Канада.

Италија поведе со гол на Кен откако згреши голманот Васиљ. Италијанците останаа и со играч помалку откако Бастони во 41. минута доби црвен картон. Тоа го искористија Босанците кои израмнија преку Табаковиќ во 79. минута од средбата, по многуте шанси кои ги имаа и претходно да израмнат.

Продолженија ќе се играат и во Прага, каде Чешка и Данска исто така одиграа 1:1.

Се вчитува...