Станковски по ремито во Даблин: Мечот беше тежок, но дадовме се од себе

ЕКИПА во Даблин
Владимир Булатовиќ

Македонскиот национален тим одигра без голови на гостувањето во Даблин против Република Ирска во меч во двете поразени селекции од бараж полуфиналните пресметки.

Македонија успеа да ја сочува мрежата, додека во нападот немаше премногу простор против домашната селекција, па така на крајот двете репрезентации мораа да се задоволат со реми без голови.

„Тежок натпревар, дадовме се од себе, се надевавме на позитивен резултат после Данска, но таков е фудбалот. Наше е да дадеме се од себе за националниот дрес. Имавме 2-3 полушанси, се надевавме дека ќе дадеме гол. Се надеваме на позитивни резултати на следните мечеви“, изјави Станковски.

Се вчитува...