Тетовска Шкендија може да заврши како единствен губитник од гостувањето на Македонија во Даблин, на пријателскиот натпревар со Ирска.
Нивниот најдобар фудбалер Решат Рамадани, кој игра во одлична форма, за жал, заработи повреда на коленото по само девет минути откако влезе во игра во второто полувреме во Даблин.
Според информациите од таборот на македонската репрезентација, Рамадани синоќа веднаш го очекуваа и во Даблин анализи на повредата, а детални анализи треба да има и по враќањето во Македонија, по што ќе се знае за тежината на повредата и колку ќе мора да паузира.
Според првичните информации, повредата воопшто не е наивна, а можно е за него и да биде завршена сезоната, што најмалку го посакува Шкендија, која во последните девете кола ја очекува битка зсо Вардар за титулата во Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

