Ноќеска низ стадионите во САД се одиграа неколку пријателски натпревари, низ кои речиси сите главни фаворити славеа победи.
Португалија со головите на Тринкао и на Феликс успеаја да ја совладаат селекцијата на САД. Аргентина со 5-0 ја победи Замбија. Стрелци на головите за актуелниот светски првак беа Алварез, Меси, Отаменди, автогол на Чанда и Барко.
Хрватска го држеше Бразил во егал до финишот, кога потклекна и не издржа, па на крајот „кариоките“ славеа со 3-1. Данило ја донесе селекцијата на Бразил во предност, Мајер израмни во 84. минута. Но, Игор Тијаго со гол од пенал во 88. минута повторно доенсе предност за Бразил, а Мартинели ја запечати победата.
Канада и Тунис одиграа без голови, додека Мексико и Белгија ремизираа играјќи 1:1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

