Босна и Херцеговина испиша историја. Оваа селекција ја елиминираше Италија по драмата на пенали, и го озбезбеди своето второ учество на Мундијалите, после 2014 година.
Додека трибините на стадионот „гореа“ после решавачкиот пенал на Бајрактаревиќ, селекторот на БиХ Сергеј Барбарез со првите реакции по мечот, кои најдобро го илустрираат подвигот кои го направија.
„Не беше лесно, но тоа е нашиот пат. Никогаш не сум бил посмирен. Никогаш не сум завршил меч посмирен. Им реков на моите играчи само да излезат и да уживаат“, рече Барбарез.
Тој напомена дека во очите на фудбалерите им се гледало колку сакаат пласман на Мундијал.
„Го видов во нивните очи и навистина ги сакам. Тие се момци со карактер. Горд сум на овие играчи“, рече Барбарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

