Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон кој сега ја извршува функцијата шеф на делегацијата на репрезентацијата на Италија, го коментираше уште едниот неуспех на неговата репрезентација да се пласира на Светско првенство.
Буфон најави дека ако Италија не успее да замине на Мундијал ќе си поднесе оставка, рече дека е подготвен да остане до кога треба, и дека во моментов не сака да дава коментари со „жешка глава“.
„Ова е многу деликатен момент. Треба време да се направат точни анализи. Изразив подготвеност да останам тука до крајот на сезоната, но сега тоа е најмлаку важно. Една од целите беше работите да се подобрат, но главната цел да се пласираме на Светското првенство. Отсуството од таму и овој пораз ќе направи да носиме анализи со жешка глава. Во моментов ова многу боли и тоа не тера да размислуваме со вжештени глави и на нејасен начин. Затоа ќе засанам тука. Тука сме до јуни, а што ќе се случува потоа, ќе видиме“, рече Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

