Џеко емотивно: Им го посветувам ова на другарите со кои играв фудбал на улица и кои загинаа во експлозија на бомба

Најдобриот играч на Босна и Херцеговина на сите времиња Един Џеко со 40 години обезбеди пласман на Мундијалот. И покрај тоа што утрово стигна вест дека напаѓачот ќе мора да оди на операција, и неизвесен е за настап на Светското првенство, сепак, ќе се памети емотивната изјава на играчот после победата над Италија.

Џеко се потсети на миговите кога бил дете, и кога играл фудбал со другарите на улица.

„Сакам да го посветам ова на моите другари со кои играв фудбал на улица кога имав шест години. Еден ден мајка ми се налути, затоа што бомба експлодираше на улицата и сите другари загинаа“, рече Џеко по мечот со Италија.

Се вчитува...