Сите фудбалски „кошмари“ на Италија: Шведска, шокот во Палермо и сега Зеница (ВИДЕО)

Шведска, Македонија и сега Босна и Херцеговина. Италија се потсетува на сите фудбалски „кошмари“ кои ги доживеа во последните осум години. Почнувајќи од баражот со Шведска во 2018 година, потоа шокантниот пораз од Македонија во Палермо во 2022 година, и сега поразот на пенали од БиХ.

Низ социјалните мрежи кружат видеа од сите три кошмари на италијанската репрезентација, кои ја донесоа оваа криза. Ова е првпат една селекција која била светски првак, да не оди на трет Мундијал по ред. Тоа покажува дека италијанскиот фудбал е во сериозна криза, а медиумите не „штедеа“ критики кон својата селекција за оваа длабока криза.

Бараат длабок рез во фудбалот, во домашното првенство, како и во младите категории.

Се вчитува...