„Бомбата“ активирана: Доминик Мате потпиша ГРК Охрид

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате го стави потписот со ГРК Охрид. на денешниот ден кога го слави 27-миот роденден, одличниот десен бек стана дел од амбициозниот проект на охриѓани, и од следната сезона ќе нстапува во овој тим.

Доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа настапуваше и за големите ПСЖ и Киелце, како и унгарскиот Балатон.

Има одлични настапи и еден од носителите на Унгарската репрезентација на сите светски и европски првенства.

„Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања.” – изјави Мате.

Се вчитува...