Меси е класа од човек: Пенал за Аргентина, а тој даде да го изведе…

Лионел Меси неодамна ја мина границата од 900 гола во кариерата, но „илјадарката“ очигледно не е опсесија на аргентинскиот генијалец како што е тоа случај со Кристијано Роналдо.

Доказ за тоа беше и последниот дуел со Замбија што Аргентина рутински го доби, а при досудениот пенал во второто полувреме сите очекуваа Лео да ја земе топката. Токму во тие моменти Меси ја покажа човечката големина, повикувајќи го Николас Отаменди да го изведе пеналот.

Симболиката е -ова беше последен меч одигран на аргентинско тло пред СП 2026, Отаменди веќе најави дека по мундијалскиот настап ја завршува кариерата, а Меси со погрижи тој на последниот домашен меч да се израдува и на постигнат погодок.

„Можеше да даде гол, да постави нов рекорд, но тоа не е Лео, за него тимот и соиграчите секогаш се пред него самиот. Вие само го гледате сето ова однадвор и уживате, ние сме горди што сме дел од оваа приказна внатре, со Лео Меси крај нас и од друг агол ги гледаме сите позитивни работи што тој ги прави, а речиси никој не ги ни забележување. Затоа тој е повеќе од фудбалер. Те сакам, брату“, се обрати Отаменди кон Меси на крајот од својата изјава.

Се вчитува...