Охрид повторно е најактивен амкедонски клуб кога станува збор за новите засилувања „гладијаторите“ веќе се пофалија со потписите на хрватскиот доман Дино Славиќ и на унгарскиот десен бек Мате, но последните информации говорат дека е осигуран и третиот потпис за освежување на тимот предводен од Ројевиќ.
Српскиот интернационалец Никола Зечевиќ ќе биде нов играч на Охрид откако актуелниот капитен на Партизан ја прифати понудата за двогодишен договор со амбициозниот македонски ракометен проект.
Станува збор за играч кој настапува на бековската позиција и беше најавуван како бисер и огромен потенцијал на српскиот ракомет. Две тешки повреди на коленото (најпрвин на левото, а потоа на десното) ја забавија неговата кариера, но тренерот Ројевиќ очигледно верува во потенцијалот на својот сонародник, успевајќ да го доведе во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

