Ник Калатес дојде во незгоден момент во Партизан, но 37-годишниот плејмејкер го донесе она што му беше потребно на српскиот тим, стабилност во играта и одличен „бекап“ на плејмејкерската позиција.
Грчкиот ветеран е дојден на позајмица од редовите на Монако, но не крие дека би можел да остане во Партизан и по завршувањето на сезонава.
„Тоа што се случи во Монако меѓу мене и Спанулис дефинитивно не го очекував. Сакав само да добијам шанса, да докажам дека можам да играм на највисоко ниво. Партизан ми ја даде таа шанса и благодарен сум, мислам дека ја оправдам довербата. Ме мотивира што толку години сум успешен кошаркар, телото ми е во одлична состојба. Ги сакам овие момци, уживам да играм пред вакви жестоки навивачи, мислам дека создадов и добра веста со тренерот. Дали ќе останам? Постојат многу аспекти што треба да се поклопат, но желба постои“, истакна Калатес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

