Охрид со апел: Политиката на страна, само спортска поддршка

Охрид е многу блиску до пласман во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим на првиот меч на гостински терен го совлада Олимпијакос со пет гола разлика.

Јасно е дека охриѓани ќе сторат се со триумф пред своите навивачи да стават печат на полуфиналето, но управата на клубот денеска јавно апелираше до фановите – за фер навивање и немешање на политиката за време на овој спортски спектакл.

„Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот!

ГРК Охрид за градот од коло во коло на Европската сцена пишува историја! Одигравме одличен натпревар во Атина и се вративме како победници. Но, имаме уште 60 минути на домашен терен.

Бевме одлично примени од екипата на Олимпијакос и натпреварот помина во одлична ракометна атмосфера. Ја повикувам публиката, симпатизерите и навивачите во сабота да бидат 8-от играч на ГРК Охрид и ветер во грб на нашите гладијатори. Ве молам со фер и најкоректно навивање и поддршка за нашите момци да му помогнете на клубот. Транспарентите во преполната сала Билјанини Извори да бидат исклучиво за поддршка на нашиот клуб и Македонија, да ја оставиме политиката настрана и да му помогнеме на нашиот град да испишува историја!

Со почит,

Спортски директор

Славчо Ристески

Се вчитува...