Куп-ждрепка: Чаир и Ѓорче Петров се избегнаа во полуфиналето

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија денеска беа извлечени двојките за полуфиналето од завршниот турнир во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Двата главни конкуренти за трофејот, Ѓорче Петров и Чаир, се избегнаа во полуфиналето, па така ѓорчепетровки за противник го добија тимот на ЖРК Пелистер, додека Чаир ќе се бори за билет за големото финале против екипата на Спартак.

Полуфиналните пресметки се закажани за 18 април во салата „Парк“ во Струмица, а големото финале е закажано за 19 април.

Се вчитува...