Томас Тухел добиваше комплименти кога со Англија доминантно стигна до првото место во групата и пласманот на СП 2026, но две потпросечни изданија на пријателските натпревари беа доволни за медиумите и голем дел од јавноста да се свртат против германскиот стратег.
„Гордиот албион“ ремизираше со Уругвај, а синоќа и загуби од Јапонија, па иако Англичаните настапија без повеќе од половина од стандардните првотимци, јавноста е загрижена поради слабата форма на репрезентацијата на помалку од три месеци до стартот на мундијалот.
„Тухел и ја одзеде душата на англиската репрезентација. Ова заслужено понижување од Јапонија делува како шлаканицата на лицата на напатените навивачи. Без повредениот капитен Хари Кејн, репрезентацијата делуваше како големо разочарување, иако во нападот барем на хартија требаше да изгледа моќно, со Фил Фоден, Кол Палмер и со Антони Гордон. Во првото полувреме немавме ниту еден удар во рамките од голот, што ни се нема случено повеќе од осум години. Алармот е вклучен“, се вели во дел од анализата на весникот „Телеграф“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

