Јамал лут на навивачите на Шпанија: Јас сум муслиман тоа не е во ред

Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал ​​зборуваше за скандирањето на навивачите на натпреварот против египетската репрезентација.

Скандирањата на религиозна основа беа насочени кон египетските фудбалери, на што Јамал ​​остро реагираше.

„Јас сум муслиман, фала му на Бога. Вчера на стадионот се слушна скандирање „кој не скока е муслиман“. Знам дека беше насочено кон соперничкиот тим, а не против мене лично, но како муслиман, сепак е непочитување и нешто што е неприфатливо.

Разбирам дека не се сите навивачи такви… но на оние што скандираат такви работи, им велам: користењето на религијата како шега на стадионот ве прави неуки и расисти. Фудбалот е таму за да се ужива и да се поддржува, а не да се навредуваат луѓето поради тоа кои се или во што веруваат. Во секој случај, благодарност до сите што дојдоа да нè поддржат – се гледаме на Светското првенство“, рече Jамал.

Се вчитува...