НБА привлече сериозен интерес од над 120 инвеститори, вклучувајќи клубови од Евролигата, за планираната НБА Европа со 16 екипи. Како што пишува „Атлетик“, понудите се движат од 500 милиони до 1 милијарда долари.
Рокот за поднесување понуди беше 31 март, а постојните европски тимови се меѓу понудувачите. НБА наводно бара одреден обем на инвестиции за трајни лиценци, во зависност од пазарот, почнувајќи од 500 до милијарда долари.
НБА долго време има насочено 12 европски градови за лиценцирани тимови. Целните градови се Лондон, Париз, Рим, Милано, Барселона, Мадрид, Атина, Истанбул, Берлин, Минхен, Лион и Манчестер.
Постојат големи шанси Евролигата да соработува со НБА Европа, а силна движечка сила е назначувањето на Чус Буено за директор на Евролигата. Станува збор за Шпанец кој работел во НБА 12 години.Дури и ако двете страни најдат заеднички јазик, НБА ја задржува контролата врз пристапот до својата нова лига.
НБА планира лига со 16 тима, 12 постојани носители на лиценци и четири дополнителни места за тимови што се натпреваруваат во домашните лиги. Проектот треба да започне во 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

