Шокатни обвинувања во Косово: Капитенот го продаде мечот на Турците!

Фудбалската репрезентација на Косово не успеа да приреди уште една сензација, откако синоќа во драматичното финале од плеј-офот претрпе минимален пораз од Турција со 1-0.

 Додека мнозинството ги бодреше фудбалерите за борбеноста, атмосферата ја вжештија контроверзни обвинувања на социјалните мрежи. Еден разочаран навивач упати тешки зборови кон капитенот Ведат Муриќи, тврдејќи дека напаѓачот „го продал“ натпреварот за да и помогне на Турција.

„Главниот проблем со поразот е Ведат Муриќи, капитенот кој е „полутурчин“. Ги следев турските медиуми еден ден пред натпреварот. Ведат Муриќи им ги даде на Турците сите информации и сите тактики за тоа како ќе се игра натпреварот. Пред да влезе на теренот, разговараше со сите турски играчи и ги прегрнуваше. Не се сомневам дека го продал натпреварот и заработил пари“, истакна навивачот за „Клан Косово“

Следуваше одговор од Муриќи кој ги демантира овие изјави…

„Срам да ви е!!!“ ПолуТурчин, кој зборува турски како многумина родени во Призрен, но кој е поголем патриот и се чувствува како поголем Косовар од тебе! Да помислиш дека репрезентативец, во одлучувачки натпревар за својата земја, би го продал натпреварот само затоа што е роден во Призрен и зборува турски – мора да имаш ментални проблеми или да бидеш личност без крв, без чувства и без почит кон играч кој дал сè за репрезентацијата на Косово“, изјави Муриќи.

Се вчитува...