Првиот човек на Фудбалската Федерација, Масар Омерагиќ јавно им искажа поддршка на сите членови македонската фудбалска репрезентација по поразот во Данска и ремито со Р. Ирска на двете мартовски средби.
Според Омерагиќ, единството во националниот тим мора да се одржи на највисоко ниво, бидејќи само со заедничко залагање може да се стигне до врвни резултати.
„Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни.
Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И кога победуваме и кога губиме. Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз.
Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив. Останува најважното, да бидеме заедно. Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние.“, порача Масар Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

