Кошаркар на Мемфис уапсен за поседување забранети супстанции

Кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк, беше уапсен во Арканзас поради пребрзо возење и поседување на контролирани супстанци. Полицијата го уапси Кларк во среда, меѓу другото, за неправилно претекнување и обид за бегство, а исто така тврди и за трговија со нелегални супстанции.

Тренерот на Мемфис, Туомас Исало, пред натпреварот против Њујорк синоќа накратко изјави дека е запознаен со случајот, но не даде дополнителен коментар.

Брендон Кларк одигра само два натпревари оваа сезона поради проблеми со повреди, а Мемфис на 24 март објави дека ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, односно дека очекуваат да биде подготвен за следната сезона.

Се вчитува...