Енис Барди: Дадовме се од себе, но понекогаш работите не излегуваат како што замислуваме

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, се огласи на социјалните мрежи после двата натпревари против Данска и против Република Ирска. Против Данска мечот беше за пласман во финален бараж, но Македонија потклекна во вториот дел, и загуби со убедливи 4-0.

Тоа значеше и крај на сонот за Мундијал на Македонија, а потоа против Република Ирска нашата селекција одигра без голови.

„Дадовме сè од себе, но понекогаш работите не излегуваат како што ги замислувавме. Ви благодариме за поддршката се гледаме со нови успеси. Напред Македонија. Глава горе“, напиша Барди на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)

Се вчитува...