Де Зерби планира „ремонт“ во Тотенхем: Веќе е „таргетирано“ првото засилување

Само неколку дена откако седна на клупата на Тотенхем, Роберто де Зерби има големи планови со Тотенхем. Иако приоритет во последните неколку кола во Премиерлигата ќе биде опстанокот, сепак, Де Зерби размислува и за освежување на тимот и вреќање на старите патеки во идната сезона.

Токму од тука Италијанецот го пикираше првото засилување. Станува збор за неговиот сонародник Мануел Локатели, кој би требало да биде екстра засилување во средниот ред на екипата од Лондон.

Де Зерби ќе тргне кон целосен „ремонт“ на тимот кој ќе се бори за Лигата на шампионите, а не за опстанок како што беше случај во оваа сезона. Но, за такво нешто прво ќе треба тимот да остане во Премиерлигата, а потоа да се мисли на засилувања. Договорот на Локатели истекува во 2028 година, но од Тотенхем се надеваат дека ќе успеат да го ангажираат за сума од 30 милиони евра.

Исто така Де Зерби планира да ја засили и голманската позиција. Гиљермо Викарио е пред враќање во Италија и пред портите на Интер, па затоа Тотенхем ќе ангажира и нов чувар на мрежата. Се споменува името на Швајцарецот Грегор Кобел кој во моментов брани за Борусија Дортмунд.

Се вчитува...