Поведена истрага против Хари Мегваер

Фудбалската асоцијација (ФА) поведе истрага против дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, за недолично однесување по црвениот картон што го доби против Борнмут. Англискиот репрезентативец беше исклучен во 78-та минута поради тоа што му одзеде чиста можност за гол по фаулирањето на Еванилсон во шеснаесетникот, што му донесе израмнување на Борнмут. Откако доби директен црвен картон, Мегваер се судри со четвртиот судија, поради што ФА го обвини за недолично однесување.

Дефанзивецот треба да одговори на обвинението до крајот на денот. Од денес треба да добие забрана од еден натпревар поради црвениот картон, но доколку се прогласи за виновен, веројатно ќе му биде зголемена забраната. Ова значи дека Мегваер би можел да го пропушти не само дербито со Лидс, туку и гостувањето кај Челси на 18 април.

По натпреварот со Борнмут на „Олд Трафорд“, тие поднесоа жалба против судијата, тврдејќи дека на Манчестер Јунајтед не му е досуден втор пенал при резултат 1-0.

Се вчитува...