Италија во последните денови се соочува со вистинска фудбалска катастрофа, затоа што оваа репрезентација не обезбеди учество на трето светско првенство последоваттелно. Критиките се шират на сите страни, се бараат оставки, ќе се добие нов селектор, а „масло на огнот“ додаде и изјавата на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Тој беше во Зеница каде што го следеше баражот помеѓу БиХ и Италија, а потоа даде интервју за „Газета“ во кој ги откри сите проблеми на Италија, па дури се закани дека ќе и го одземе домаќинството на Европското првенство во 2032, кое Италија ќе го организира задно со Турција.
Во овој момент Италија има само два стадиони кои ги задоволуваат критериумите на УЕФА и ФИФА, а тоа се во Торино и во Удине, додека проблематични се Рим, Милано, Неапол, Фиренца, Болоња, Џенова…
„ЕВРО 2032 година ќе се одржи, и се надевам дека инфраструктурата ќе биде подготвена. Во спротивно, првенството нема да се игра во Италија“, порача Чеферин.
Сепак, тој изрази оптимизам дека Италија еден ден ќе се врати на врвот, и дека проблем е во моментот соодносот помеѓу фудбалската политика и вистинската политика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

