Страшна вест за македонскиот репрезентативец Решат Рамадани, еден од најдобрите фудбалери на тетовска Шкендија, кој се повреди на пријателскиот натпревар против Ирска во Даблин во националниот дрес.
ФК Шкендија прку официјално соопштение информираше дека Рамадани има скинати предни вкрстени лигаменти, што претставува една од најтешките повреди за спортистите, па неизбежно ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција.
„Играчот од средниот ред на Шкендија има руптура на лигаментите и е принуден да се подложи на операција. Дефанзивниот играч од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани, претрпе сериозна повреда за време на натпреварот помеѓу Ирска и Македонија кој се играше во Даблин“ – се вели во соопштението на Шкендија во кое се дополнува:
„Лекарските прегледи потврдија сериозна повреда на десното колено, што вклучува руптура на предниот вкрстен лигамент, оштетување на медијалниот менискус и дополнителни проблеми во околните структури. Се очекува играчот да биде опериран во наредните денови, пред да започне фазата на рехабилитација, која се очекува да трае неколку месеци. Клубот му посакува на Решат Рамадани брзо закрепнување и посилно враќање на зелените терени“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

