Поврзано и со повредата на Рамадани: „Фрустрирачки е кога најдобриот фудбалер ќе ви се повреди на пријателски меч“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не ја крие својата фрустрација поради неодамнешната повреда на Рафиња, која се случи за време на репрезентативните обврски и ќе го остави надвор од теренот неколку недели.

„Навистина е фрустрирачки кога еден од вашите најдобри играчи ќе се повреди на пријателски натпревар. Не можете да го обвинувате играчот бидејќи тој е професионалец и игра за својата земја, каде што мора да даде се од себе. Скандалозно е што ФИФА поставува толку тесен распоред и не ги зема предвид официјалните натпреварувања“ – вели Лапорта.

Сето тоа е некако поврзано и со повредата на еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Решат Рамадани, кого тетовци го загубија исто така до крајот на сезоната, на пријателскиот натпревар за Македонија против Ирска во Даблин.

Претседателот на Барселона се осврна и на иднината на играчите на позајмица, Маркус Рашфорд и Жоао Кансело, нагласувајќи дека конечната одлука ќе ја донесат спортскиот директор Деко и Флик.

„Деко и Флик мора да одлучат. Рашфорд има добра сезона, а Кансело игра извонредно“.

Се вчитува...