Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон потврди дека поднел оставка од функцијата шеф на на репрезентацијата на Италија, по повлекувањето претходно и на претседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гравина.
Серијата заминувања започна по болниот пораз од селекцијата на Босна и Херцеговина во плејофот за Светското првенство. Италијанците беа поразени по изведувањето на пенали, останувајќи без место на Светското првенство по трет пат по ред.
Буфон откри дека решил да се повлече веднаш по натпреварот, но на барање на првиот човек на Здружението, почека со јавно обраќање. Откако Гравина официјално ја напушти својата функција, поранешниот голман на Јувентус и Италија одлучи јавно да ја соопшти својата одлука.
На истата линија на промени е и селекторот Џенаро Гатузо, за кого се очекува наскоро да ја напушти клупата на Италија.
Во емотивна порака, Буфон истакна дека оставката е „чин што доаѓа од длабочините на душата“, нагласувајќи дека го дели разочарувањето со навивачите низ целата земја.
„Мислам дека е исправно оние што доаѓаат да имаат слобода да изберат личност за оваа позиција. Претставувањето на националниот тим отсекогаш ми било чест и страст уште од детството“, рече Буфон.
Тој додаде и дека работел на поврзување на сите селекции, од помладите категории до тимот до 21 година, со цел да создаде стабилен систем за развој на идните членови на националниот тим. Додаде дека во проектот вклучил искусни експерти, верувајќи во долгорочна стратегија и меритократија.
Буфон ја држи позицијата шеф на делегацијата од летото 2023 година.
Rassegnare le mie dimissioni un minuto dopo la fine della gara contro la Bosnia, era un atto impellente, che mi usciva dal profondo. Spontaneo come le lacrime e quel male al cuore che so di condividere con tutti voi.
Mi è stato chiesto di temporeggiare per far fare le giuste… pic.twitter.com/OWtl0znwd0— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) April 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

