Двократниот европски шампион Вардар запиша нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеше против комбинираниот тим на ГРК Охрид со убедливи 31-21 во натпревар од 3. коло од плеј-офот во Суперлигата.
Охриѓани поради реваншот со Олимпијакос во ЕХФ купот кој на програмата е во сабота во Скопје допатуваа во комбиниран тим, па тоа на крајот донесе да немаме мега пресметка како што се очекуваше.
Урош Митровиќ со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Дејан Кукулоски исто така заврши со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

