Пик Сегед со предност ќе патува на реваншот во Кјелце

Ракометарите на Пик Сегед славеа со 26-23 против полскиот великан Кјелце во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Првото полувреме помина во цврста игра на двете страни во која ниту еден тим не можеше да се одлепи, па на пауза се замина со нерешен резултат 11-11. Во вториот дел домаќините беа за нијанси подобри, што на крајот доведе до тоа на реваншот за седум дена да патуваат со позитива од 26-23.

Лазар Кукиќ со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Пјотр Јарошевич исто така заврши со шест гола.

Се вчитува...