Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, почна со кроење на тимот за следната сезона, продолжувајќи го договорот со хрватскиот интернационалец Никола Граховац.
Според новиот договор, одличниот пикер ќе го носи „зелено-белиот“ дрес најмалку до крајот на следната сезона. Во договорот е вметната и клаузула за дополнително продолжување на соработката за уште една година, доколку двете страни бидат задоволни.
Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

