Македонското фудбалско Ел класико, пресметката меѓу Пелистер и Вардар, својата последна епизода за оваа натпреварувачка сезона ќе ја има на 8 април. ФФМ и официјално го потврди терминот, а натпреварот ќе се одигра под рефлектори на стадионот под „Тумбе Кафе“, со почеток во 20 часот.
За „црвено-црните“, гостувањето во Битола е еден од клучните испити во борбата за шампионскиот трон. Со оглед на големата борба на самиот врв, скопскиот состав нема право на кикс и во Битола патува исклучиво по трите бода кои би ги задржале во пол-позиција за трофејот.
Од друга страна, за битолскиот состав секој бод во овој момент е злато вреде. Пелистер се наоѓа во незавидна позиција во долниот дел од табелата, па императивот да се остане непоразен против најголемиот ривал е огромен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

