Срамен потег на Обрадовиќ: „Потопен“ од Партизан, па не сакаше ништо да каже

Кошаркарите на Партизан продолжија со извонредната серија од шест едноподруго победи во Евролигата, овој пат и против најголемиот свој ривал Црвена Звезда, славејќи со 82-89.

По натпреварот, тренерот на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ, беше видно незадоволен од поразот.

„Едноставно загубивме, тоа е сè што имам да кажам“, рече Обрадовиќ.

Србија не памети таков потег од ниту еден од тренерите по поразот во толку важен натпревар. Медиумите очекуваа многу повеќе од тренерот на Ц. Звезда.

Ова беше веројатно најкратката изјава дадена од кој било тренер во Евролигата оваа сезона.

Обрадовиќ беше нервозен, а не беше подобар ни во втората изјава по овој натпревар.

Вистина е, овој пат кажа уште неколку зборови повеќе.

„Не би можел да кажам ништо значајно во моментов. Тие победија, ние загубивме и тоа е сè што имам да кажам.“

Веднаш по изговорените зборови, Обрадовиќ се оддалечи од новинарот.

Се вчитува...