Фудбалерот на Арсими, Марсел Гони, останува целосно фокусиран и мотивиран пред денешниот предизвик (15:30 часот) во 25. коло од ПМФЛ, против АП Брера во Струмица, нагласувајќи дека екипата патува со јасна цел, освојување бодови.
„Среќен сум за постигнатиот гол и за победата против Вардар, бидејќи беше многу важен натпревар за нас. Таа победа ни донесе дополнителна самодоверба, но сега целото наше внимание е насочено кон утрешниот натпревар”, изјави Гони.
Според него, Арсими е подготвен за следниот предизвик и ќе се прикаже со борбен менталитет:
„Денес во Струмица не очекува силен противник, но ние одиме подготвени и фокусирани. Ќе влеземе на теренот да го дадеме максимумот во секоја минута и да извојуваме позитивен резултат. Секој бод е важен и тоа многу добро го знаеме.”
На крајот, Шпанецот Гони им се заблагодари на навивачите за континуираната поддршка.
„Поддршката од навивачите е многу важна за нас. И на гостувања ја чувствуваме нивната сила и утре ќе се бориме да ги направиме горди.“
Натпреварот помеѓу АП Брера и Арсими ќе се одигра со почеток во 15:30 часот на градскиот стадионн Младост во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

