Почнаа да „летаат глави“ во италијанскиот фудбал, прв се повлече претседателот на федерацијата Гравина, по него оставка си поднесе и легендарниот Џанлуиџи Буфон како шеф на делегацијата, но сите се во исчекување дали таков потег ќе повлече и селекторот Џенаро Гатузо.
Темпераментниот стратег пред неколку месеци изјавуваше дека ќе се исели од Италија ако не ја одведе селекцијата на СП 2026, но сега засега не се решава ниту на оставка камоли на таков радикален потег. А во меѓувреме Гатузо доби неочекуван сојузник во Фабио Капело, легендарниот стратег кој досега често ги критикуваше случувањата во италијанската репрезентација, но овојпат јавно апелираше да не се брза и со селекторска смена.
„Не би брзал со смената на Гатузо, би го оставил да биде селектор уште најмалку две средби, па потоа би одлучил за иднината. Секако дека ова што ни се случи е неуспех, но да не заборавиме дека Гатузо стигна среде квалификациски циклус, го презеде кормилото од Лучијано Спалети и успеа да внесе карактер и посветеност. За жал, ние дуелот од БиХ го загубивме на почетничка грешка на индивидуалец (црвениот картон на Бастони), ако тоа не се случеше убеден сум дека исходот на натпреварот ќе беше во наша корист“, истакна Капело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

