Пењароја: Можеби навивачите сега малку повеќе ме сакаат

Жоан Пењароја продолжува со одличните партии како тренер на Партизан откако шпанскиот стратег стана прв во историјата што ги одвел белградските „црно-бели“ до шест победи во низа во Евролигата.

Оваа шестата особено слатка, ако се знае дека беше забележана на гостински терен во вечното дерби против Црвена Звезда.

„Среќни сме бидејќи оваа победа е многу важна, за нашите играчи и а нашите навивачи. Многу се патеше на почетокот на сезоната, мислам дека сега навивачите се среќни, го заслужија овој момент и самите играчи и луѓето од стручниот штаб. Дербито беше исклучително тешко, но мислам дека со она што го покажавме на теренот заслуживме да победиме“, истакна Пењароја.

Шпанецот дојде во Белград прифаќајќи го најтешкиот можен тренерски предизвик, да го наследи на клупата легендарниот Жељко Обрадовиќ.

„Јасно е дека атмосферата беше лоша кога дојдов во клубот, но исто така е јасна и дека таа атмосфера ја променивме на подобро, од ден во ден, од натпревар во натпревар. Екипата стана подобра, а нашите навивачи го почитуваат трудот што се вложува. Напредокот е очигледен, но јас не сакам да застанеме тука, сакам да победиме на преостанатите три средби од Евроигата, а потоа и да ја освоиме титулата во АБА. Се надевам дека навивачите сега малку повеќе ме сакаат“, прокоментира шпанскиот стратег на клупата на Партизан.

Се вчитува...