Репрезентативната пауза донесе огромен проблем за Баерн Минхен откако Хари Кејн заработи повреда на еден од тренинзите на англискиот национален тим.
Голгетерот потоа не настапи на дуелот со Јапонија, а по враќањето во Минхен беа извршени детални прегледи по кои беше утврдено дека Кејн сепак ќе мора да паузира од терените.
„Тој беше во најдобар ред до неделата, а потоа се пожалил на болка во скочниот зглоб. Прегледите покажаа проблем, не верувам дека е премногу сериозно, но сепак не сакаме да ризикуваме и тој дефинитивно нема да биде во комбинација за утрешниот дуел со Фрајбург. Потоа во вторник ни следи мечот со Реал Мадрид во ЛШ, оптимист сум дека ќе успееме да го оспособиме за настап на тој натпревар“, изјави денеска тренерот на Баерн, Винсент Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

