Барселона се подготвува за клучниот дел од сезоната во кој каталонците ја бранат предноста во однос на Реал Мадрид во трката за титулата во Примера, а истовремено и го напаѓаат трофејот во Лигата на Шампионите, каде за ривал во четвртфиналето ќе го имаат Атлетико Мадрид.
Тренерот Ханси Флик доби две одлични вести по репрезентативната пауза, откако стандардните првотимци Кунде и Балде се вратија на тимски тренинзи. Интересно, Барса викенд ќе му гостува на Атлетико во новата рунда од Примера дивизион, по што ќе следат и двата дуели со истиот ривал во ЛШ.
Дуели за кои стандардните бекови Кунде од десната и Балде од левата страна во одбраната сигурно ќе бидат и повеќе од добредојдени за каталонскиот гигант.
За разлика од нив, Френки де Јонг се уште ја нема санирано својата повреда, па холандскиот плејмејкер викендов дефинитивно нема да му биде на располагање на Флик.
Во тимот на Барса цел месец април ќе го нема ниту Рафиња, по повредата што бразилскиот офанзивец ја заработи при настап за „кариоките“ во мартовскиот репрезентативен прозорец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

