Џенаро Гатузо нема да продолжи да ја води репрезентацијата на Италија откако овој стратег самиот си поднесе оставка по големиот неуспех, поразот во Зеница од БиХ што значеше и непласирање на СП 2026.
Критиките од италијанската јавност беа огромни, па иако во меѓувреме се појавија и стручњаци како Фабио Капело кои му дадоа поддршка на Гатузо, темпераментниот стратег сепак реши да го напушти кормилото на националниот тим.
За одлуката се известени официјалните лица, а се очекува само истата да биде официјализирана во наредните часови, информира „Скај Италија“.
Оставката на Гатузо следи откако прв си замина претседателот на федерацијата, Гравина, по чии стапки тргна и легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој беше именуван за шеф на делегацијата на „аѕурите“ откако Гатузо стана селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

