Охрид утре со почеток во 18 часот ќе го пречека Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп, со одлични „плус пет“ од Атина и шанса за историско европско полуфинале.
Капитенот Гоце Ојлески има одиграно бројни европски средби во кариерата и добро знае дека не смее да дојде до опуштање, противникот мора да се почитува од првата до последната минута бидејќи тоа е единствениот рецепт за нов триумф и ракометен спектакл во Охрид.
„Имавме тешко патување и натпревар во Атина. Се вративме со неколку повредени играчи кои мораше да бидат поштедени. Се подготвуваме максимално. Средбата в сабота сигурно нема да биде лесен. Нè очекува тежок натпревар, Олимпијакос е искусна и квалитетна екипа со добри играчи кои ќе се обидат да променат и да изненадат. Сигурно нема да се откажат од пласманот. Се надевам дека сите ќе одиграме добар натпревар, ја повикувам публиката да не поддржи и да биде ракометен спектакл. Се надевам ќе го исполниме зацртаното. Мора да останеме сплотени, да се фокусираме на натпреварот и да направиме историски успех за нашиот клуб“, изјави Ојлески.
Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос се игра во салата „Билјанини Извори“ в сабота во терминот од 18:00 часот..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

