ЛА Лејкерс рано утрово претрпе убедлив пораз од Оклахома Сити, но многу поголем проблем од резултатското фијаско против шампионот претставува повредата на Лука Дончиќ.
Словенецот во еден момент се фати за задната ложа од мускулот, на полувремето беше одлучено дека тој може да продолжи, но болката во третата четвртина стана преголема и Дончиќ мораше предвреме да го заврши мечот и да се упати кон соблекувалните.
Во исчекување на резултатите од деталните лекарски прегледи, се појавија и првите прогнози околу тоа колку големиот ас би отсуствувал од терените.
„Очигледно е дека е проблем со мускулот, прегледите ќе покажат за што станува збор. Ако е кинење на мускул, тоа е крај на сезоната. Ако е само истегнување, во најдобар случај паузата би изнесувала една до две седмици, ако е истегнување од прв степен. Ако пак истегнувањето е посериозно, од втор степен, тогаш паузата може да биде и до месец и половина“, објасни Еван Џефрис, доктор за физикална терапија исклучително ценет во светот на американскиот професионален спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

