Фудбалерите на Силекс ја оправдa фаворитската улога на дуелот против Шкупи каде на домашен терен славеа со убедливи 6-0 во првиот од двата денешни натпревари како дел од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Домаќините до брзо водство од 1-0 стигнаа уште во 5. минута од натпреварот со погодокот на Ади Алиќ. Во 10. минута веќе беше и 2-0 откако прецизно стрелаше португалскиот интернационалец Мигел Пиреш. До крајот на првиот дел кратовчани поведоа и со 3-0 откако Мартин Мирчевски прецизно стрелаше од белата точка.
На 4-0 во 58. минута зголеми Едис Бутуровиќ, додека 5-0 беше со погодокот на Ангелески во 62. минута од пенал. Конечните 6-0 ги постави Донов во 71. минута.
Во вториот натпревар од денешната понуда АП Брера славеше на домашен терен против Арсими со 2-1. Гостите стигнаа до предност од 0-1 уште во 3. минута со погодокот на Маркел Гони Домаќините успеаја да израмнат на 1-1 преку Филип Михаилов во 10. минута. Во вториот дел голема победа за домаќинот (2-1) донесе Леонардо Петровиќ во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

