Кошаркарскиот клуб Олимпијакос побара од Грчката кошаркарска федерација (ЕСАКЕ) да го суспендира претседателот и да го казни тренерот на Панатинаикос.
Црвено-белите од Пиреја дојдоа во Кошаркарската федерација на Грција со ова барање по проблематичните изјави и на Димитрис Јанакопулос и на Ергин Атаман по дербито од 23-то коло од грчката лига помеѓу овие два тима.
Олимпијакос победи со 94-101 на гостински терен, но натпреварот беше засенет од „искри“ меѓу играчите на теренот, како и од изјавите на претходно споменатите Јанакопулос и Атаман. Првиот човек на „зелените“, меѓу другото, ја обвини и грчката државна телевизија дека е „црвено-бела“.
Олимпијакос бара едногодишна суспензија за Јанакопулос, очигледно не само поради оваа изјава, туку и поради низа претходни испади.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

