Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ники Бат верува дека Жозе Мурињо е вистинското решение за Манчестер Јунајтед, доколку раководството се реши да не му даде шанса на Мајкл Керик, и да сака да доведе нов предводник.
Бат верува дека Португалецот е способен да го врати Јунајтед на шампионските патеки.
„Да се прашувам јас, би го вратил Мурињо. Тој е победник и способен да го носи овој клуб, но оние кои се сега во раководството никогаш нема да го дозволат тоа. Тие претпочитаат некој кој е фокусиран само на тренерската работа, и не ја контролира политиката на трансфери. Ниту еден добар менџар не сака да дојде во Јунајтед без цврсти гаранции за буџет. Сегашната структура го прави тоа многу тешко, а тие би можеле да му дадат шанса на Керик“, рече поранешниот играч од средниот ред на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

