Кошаркарите на Бешикташ се први финалисти во Еврокупот, откако денеска и во вториот натпревар го победија тимот на Бахчешехир со 72-82 на гостински терен. До победата тимот од Истанбул стигна благодарение на одличната игра во второто полувреме, откако по првиот дел имаа само еден поен предност.
Најефикасен кошаркар беше Лемар со 18 поени, Дотсон додаде 16.
Својот ривал во финалето Бешикташ ќе го дознае по третиот меч помеѓу Турк Телеком и Бург. Откако во првиот меч славеше турскиот тим, сега францускиот врати со победа во Анкара си 76-73, па така двете екипи ќе одиграат и трет натпревар во Франција во среда по кој ќе биде познат патникот во големото финале.
Мечот во Анкара имаше драматична завршница. Бург имаше предност од 74-72, а Бешикташ имаше две слободни фрлања за да израмни, но едното го промашија, па така потоа гостите погодија од две слободни фрлања и ја запечатија победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

