Голема одлука на Баерн Минхен: Нојер и идната сезона на голот

Баерн Минхен има намера да го продолжи договорот со својот прв голман Мануел Нојер на уште една сезона. Иако има 40 години, тој и натаму пружа одлични партии на голот на „Баварците“, па само прашање е дали тој ќе сака да продолжи да брани, или ќе замине во пензија како еден од најуспешните голмани во историјата на тимот од Минхен.

И додека се чека разврска, директорот на клубот Макс Еберл најави дека од тимот посакуваат и натаму Нојер да остане и да биде дел од Баерн и следната сезона. Сепак, оваа сезона има многу повреди, па затоа одлуката ќе ја донесе самиот чувар на мрежата.

„Можам да го замислам Нојер на голот на Баерн и следната сезона. Ако Ману сака да остане, и ако добро се чувствува, ако е подготвен да продолжи, тогаш ќе го продолжи договорот“, изјави Еберл.

Нојер пред две години после ЕП 2024 година се откажа од настап за Германија. Иако имаше шпекулации дека ќе се врати за Мундијалот оваа година, сепак, до тоа нема да дојде. Сега останува да одлучи дали ќе продолжи да брани и на клупско ниво, или ќе стави крај на блескавата кариера.

Се вчитува...