Неверојатниот Кристијано Роналдо: „Кам-бек“ со два гола – стигна до 967 голови

Португалскиот ас Кристијано Роналдо е невејоратен оваа сезона. Напаѓачот на Ал Наср отсуствуваше повеќе од еден месец поради повреда, а вечерва се врати во тимот и постигна два гола во победата на својот тим над Ал Наџма со 5-2.

Роналдо ги постигна третиот и четвртиот гол од пенал и од игра, и со тоа ја донесе победата на својата екипа.

Португалецот со овие два погодоци дојде до бројката од 967 голови, и му се потребни уште 33 голови за неверојатната „илјадарка“.

Роналдо заработи повреда на крајот на февруари, а некои шпекулации одеа до таму што беше под знак прашалник и за настап на Светското првенство, но со овие два гола покажува дека е целосно подготвен и дека многу веројатно ќе биде ударна сила за Португал на престојниот Мундијал.

Се вчитува...