Боксерскиот промотор Кале Зауерланд тврди дека борбата помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури е „завршена работа“ и ќе се одржи оваа есен во Даблин. Британските борци се предмет на шпекулации за потенцијален меч со години, но генерацискиот судир што навивачите долго го очекуваа досега не се материјализираше.
Зауерланд тврди дека борбата е возможна повеќе од она што мислат фановите.
„Слушнав дека борбата помеѓу Еј-Цеј и Фјури е договорена за Даблин во втората половина од годината, и наскоро ќе биде издадено соопштение“, изјави тој.
Во посебно интервју беше коконкретен, и кажа деака борбата ќе се одржи во есен, односно во септември или октомври.
Претставниците на Џошуа досега не ги коментираа овие тврдења.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

